Владата додели 71 концесија за минерални суровини

Bez autora
May 23 2013

Премиерот Никола Груевски вчера во Владата додели 71 концесија за геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини. Меѓу компаниите кои добија концесии има домашни фирми, но и компании од Турција, Бугарија, Канада и Велика Британија. Груевски истакна дека доделувањето ќе значи отворање нови работни места, инвестирање на домашниот капитал и влез на странски инвестиции, индиректна поддршка на компаниите кои ќе соработуваат со концесионерите, како и директен прилив на средства за самите компании и за општините. Истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини е поле на кое Владата во изминатиот период посвети особено внимание, а тоа се должи на тоа што сметаме дека минералните ресурси во Македонија се уште не се доволно искористени. Доколку се искористи на вистински начин може активно да придонесе за забрзување на развојот на македонската економија.

Владата додели 71 концесија за минерални суровиниПремиерот Никола Груевски вчера во Владата додели 71 концесија за геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини.

Меѓу компаниите кои добија концесии има домашни фирми, но и компании од Турција, Бугарија, Канада и Велика Британија. Груевски истакна дека доделувањето ќе значи отворање нови работни места, инвестирање на домашниот капитал и влез на странски инвестиции, индиректна поддршка на компаниите кои ќе соработуваат со концесионерите, како и директен прилив на средства за самите компании и за општините.

- Истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини е поле на кое Владата во изминатиот период посвети особено внимание, а тоа се должи на тоа што сметаме дека минералните ресурси во Македонија се уште не се доволно искористени. Доколку се искористи на вистински начин може активно да придонесе за забрзување на развојот на македонската економија - истакна премиерот Груевски пред доделување на концесиите.

Груевски најави дека Владата ќе продолжи и во иднина со доделување нови концесии за минерални суровини.

Концесионерите очекуваат дека за кратко време ќе ја завршат постапката за добивање на концесија и ќе потпишат концесиски договор за да започнат со експлоатација.

- Од Владата добивме одлука за доделување на концесија за истражување на злато и бакар. Откако ќе ја доставиме потребната документација која што е барана согласно Законот ќе започнеме со истражувањето. Во зависност од истражувањата ако се позитивни тогаш имаме во план да отвориме рудник и да започнеме со работа, ако не Ќе бараме друга локација за истражување - изјави Даниела Бомбол, менаџер од Ресервоар Минералс Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik